10/01/2015

„Мобилност Битола“ на прослава на Стара нова година – Василица

  И оваа година, во сопствена режија, околу триесет членови на „Мобилност Битола“ ја организираа прославата на Стара нова година или, популарно кај нас, Василица. Забавата се одржа на 10 јануари 2015 година во ресторанот на хотел „Премиер Центар“. После коледарските огнови, божиќните трпези и празнувања, ова е практично завршница на овие празнувања пред Водици.

Откако се сместивме во пријатната атмосфера на ресторанот, уживавме и се забавувавме со музиката на бендот „Акорди“ и вокалниот интерпретатор Кубата. Ние распоредени на приземје, поголема група на првото ниво и исто толку во долните простории, сите со иста цел – вртење на мазник со паричка, а кај нас најмногу среќа имаше Сашо, кој следната година ќе биде како домаќин со слатки десерти. Годинава ефектен домаќин со слатките, веќе афирмирани, лебеди беше брачната двојка Штифтер.

Дружењето и играњето продолжи до полноќ, до самиот крај на музиката. Сè на сè, уште една одлична дружба во многу добро расположение. Вообичаено нè дружеа и членовите од Ресен, но сега во новите простории со зајакнати активисти ќе ги видиме на 13 јануари. Нашите активности продолжуваат.