29/01/2015
На 29.01.2015 година, во просториите на општина Битола беше одржан редовен состанок на Локалниот Економско-Социјален Совет (ЛЕСС) на општина Битола. На овој совет за член беше избрано токму нашето здружение, кое од самото основање покажа извонредна активност. На состанокот, покрај членовите присутни беа и претставничката од ЈЕС мрежата, Ивана Најдовска и градоначалникот д-р Владимир Талески. Состанокот го водеше потпретседателот д-р Симеон Силјановски, а записникот го водеше м-р Виолета Налевска.
На овој состанок една од точките беше и предлог активност, која ќе се имплементира со помош и финансиска поддшка од УСАИД – ЈЕС мрежата. Предлогот го образложи членот на ЛЕСС и претседател на „Мобилност Битола“, прим д-р Нико Јанков, а дискусии имаше и од другите два претставници Лидија Велјановска и Сотир Јоновски. После дискусијата предлогот беше акламативно прифатен.
Станува збор за малку изменета агенда од првичниот предлог, со тоа што предлагачот си го задржа правото на првото барање. Во куси црти, се работи за активност со поддршка на општината и ЈЕС мрежата со акцент на ракотворците и нивните експонати со можност за продажба, разговор за можности и претставување на лицата со инвалидност; колку, каде и кога ќе можат да сметаат на поддршка, културно-уметничка програма на ученици од основните училишта во придружба на КУД „Феникс“, панел дискусија за горливи проблеми (бариери и пристапност), можности за вработување на лицата со инвалидност – нов закон.
По договор со учесниците, настанот е предвиден да се одржи во втората половина на март во малата сала и фоајето на Центарот за култура – Битола, а ќе учествуваат: „Мобилност Битола“ со свои тимови и членови, други инвалидски организации поканети од поддржувачот, општина Битола и МНД Битола со свои ресурси, ЈЕС мрежата и други организации и поединци. Поддржувачот исто така ќе обезбеди подготовка, лобирање, медиумска покриеност и рекламен материјал.
Нашите активности продолжуваат.