18/11/2015

„Мобилност Битола“ по трет пат во емисијата „Петтиот ангел“, овој пат со Гордана Тирицовска – Стојановска

              По трет пат во последниве пет месеци, екипата на Македонската радио телевизија предводена од новинарката Виолета Софкаровска реши токму нашето здружение да го стави во центарот на емисијата „Петтиот ангел“. Очигледно е дека „Мобилност Битола“ со своите членови има капацитет кои ќе ги заинтригираат новинарите и трагачите по новото и невиденото. Дали само амбицијата и макотрпната работа, но и квалитетот на уметник во бакар се доволни за создавање на емисија? Во тоа се убедени многумина, а ќе се убедат уште повеќе откако ќе ги видат кадрите од емисијата, во чиј центар се најде токму нашата членка Гордана Тирицовска-Стојановска.
После повеќе консултации и договарања, емисијата беше снимена на 18 ноември 2015 година, во домот на Гордана и нејзиното семејство. Исто така, беа снимени и други членови на здружението во клупските простории на „Мобилност Битола“ – канцеларија Ресен. Со ова се етаблира една подолготрајна макотрпна работа на нашиот истакнат член, кој работи на подигање на капацитетот на здружението во сите сфери на живеењето. Тоа впрочем се гледа и секојдневно бидејќи членовите од Ресен - Сотир, Роберт, Гордана и други, се носители на значајни активности. Во овој процес тие се многу потпомогнати од д-р Сања и активисти на локалната самоуправа и градоначалникот д-р Ѓоко Стрезовски, кои секојдневно се присутни при реализацијата на програмските цели и потребите на нашите членови од Ресен.
Ја користиме оваа пригода уште еднаш да ѝ честитаме на Гордана и да ѝ посакаме уште многу вакви успеси во иднина!