25/11/2015

Мобилност Битола“ на ТВ Мега

На 25 ноември 2015 година, екипа на телевизијата „Мега“ од Битола направи интервју со претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков. Интересот на телевизиската куќа беше за претстојното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност (3 декември), активностите на „Мобилност Битола“ и нашите планови за наредниот период.
                Во разговорот беа кажани основните информации за нашето здружение и Сојузот, начинот на делување и досегашните успеси во организирањето настани за подигање на целокупните капацитети при реализацијата на капиталните цели – остварување на правата на лицата со инвалидност, вклучувајќи ја и Конвенцијата на ОН, која нашата земја ја ратификуваше во 2011 година.
                Беа презентирани повеќе материјали: плакати, летоци, прирачници и друг материјал поврзан со активностите на здружението, а особено беа нагласени трите работилници, дефилето, претстојните манифестации, како и работата на проекти во партнерство со локалната самоуправа, а потоа беа договорени и други средби со цел јавноста уште повеќе да се анимира и запознае со работата на „Мобилност Битола“.