25/12/2015
На 25 декември 2015 година, во вечерните часови во ресторанот „Гламур“ на падините на Пелистер, членовите на „Мобилност Битола“ со нивните гости и пријатели ја одржаа традиционалната Новогодишна забава. Пред повеќе од стотина присутни, манифестацијата ја отвори и присутните ги поздрави претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков. Во кусото обраќање, пред банерот со логото на здружението, тој ги опфати основните заложби и остварувања во 2015 година. Покрај членовите на Битола, Ресен и Демир Хисар, на свеченоста беа присутни и претседателот на „Мобилност Македонија“, г-дин Бранимир Јовановски со сопругата, претседателот на МНД – Битола, проф. д-р Игор Неделковски со сопругата, проф. д-р Сашо Кочанковски со сопругата и други наши пријатели и гости од кои мораме да ги споменеме и претставниците од „Мобилност Скопје“, „Мобилност Штип“, „Мобилност Прилеп“ и „Мобилност Кичево“, поголема група на членови од „Мобилност Прилеп“ и други.
Во веселата атмосфера, поетите од „Мобилност Битола“ - Биљана Тодоровска и Кире Огненовски му предадоа „Лирска штафета“ на претседателот на нашето здружение, како признание за неговата досегашна активност при остварувањето на правата на лицата со инвалидност. Забавата траеше до доцните полноќни часови, а некои членови и гости го продолжија дружењето во битолските ноќни клубови.
Сè на сè, едно убаво и впечатливо дружење кое ќе се памети. Честитки до организаторот Лидија Велјановска и екипата за поддршка, како и за вработените во ресторанот „Гламур“.