06/02/2015

ИЗБОРИ 2015 – Битола, Демир Хисар и Ресен

Оваа година „Мобилност Македонија“ спроведува избори. Ќе се сумира изминатиот период од 2011-2014 година, постигнатото, нереализираното, плановите, придобивките и замислите, како и новите идеи. Сумирајќи ги резултатите, „Мобилност Битола“ може да биде задоволна со реализацијата на програмските цели во овие обременети услови. Со упорност во работата максимално се искористија условите кои ни стоеја на располагање и со домаќинско евидентирање на потребите се постигна максимум на оствареното, со оптимални финансиски средства.
Трендот на овие насоки во работењето се од самиот почеток, од основањето на нашето здружение, и се поддржува и негува цело време. Приливот на нови сили е значаен, како и нивното учество во реализацијата на статутарните и програмски цели. Етаблирањето на „Мобилност Битола“ во сите пори на општествениот живот е со значаен придонес и адекватно респектиран од  институциите на системот, особено од локалната самоуправа.
Тргнувајќи од овој впечаток, респективен број на членови и активисти го поддржаа трендот и со избирање на членови на Собранието, кое ќе се конституира во новиот состав на 15.02.2015 година. Вообичаено се практикуваше изборите да се одржуваат во еден ден, но по консултациите со истурените канцеларии во Демир Хисар и Ресен, тие се одржаа во два дена и тоа на 03.02.2015 година во Демир Хисар и Битола, а на 04.02.2015 година во Ресен. Во Демир Хисар и Ресен во изборниот процес учествуваше и делегација од Управниот Одбор.
Со завршувањето на изборите, составот на Собранието е освежен со нови членови, за кои се надеваме дека ќе дадат нови импулси во работата и остварувањето на програмските и статутарни цели. По изборите останува Управниот Одбор да ги подготви сите документи и процедури кои му претходат на Собранието. Одборот ќе се состани на 10.02.2015 година, а материјалите се пратени преку електронска пошта (е-маил) на 06.02.2015 година.
Нашите активности продолжуваат.