05/03/2015
„Мобилност Битола“ секоја година традиционално го прославува Денот на жената – 8 Март. Вообичаено секој си плаќа за својот дел, а организацијата ја прави самото здружение. Годинава, во свечена атмосфера и одлично расположение, прославата се одржа на 5 март во ресторанот „Корзо“ на Широк сокак во Битола, со почеток од 20 часот.
За да биде уште повозбудливо, прославата беше практично двојна бидејќи ни се придружи голема екипа од „Мобилност Прилеп“, предводена од претседателот Стеван и секретарот Ѓоре. Овие заеднички манифестации и другарувања придонесуваат за јакнење на врските и почести соработки во иднина.
Со одллична музика, пеење и танцување, дружењето траеше до полноќ, кога сите задоволни си отидовме по дома, со желба ваквите настани да бидат сè почести. Ја користиме пригодата да им го честитаме 8 Март на сите членки на „Мобилност Македонија“, но и на сите припаднички на понежниот пол и им посакуваме многу здравје и среќа во животот!
Нашите активности продолжуваат.