11/03/2015

Mанифестација на „Мобилност Битола

На 11 март 2015 година во Центарот за култура во Битола беше организирана и успешно изведена манифестација на „Мобилност Битола“, во организација на ЛЕСС Битола и општина Битола, со поддршка од УСАИД и ЈЕС – мрежата. Манифестацијата се состоеше од два дела, односно саем на ракотворби од лицата со инвалидност и млади од „Астерион галери“, партнер на „Мобилност Битола“ и трибина на тема „Закон за вработување на лицата со инвалидност“.
 На присутните прв им се обрати градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, а поздравни говори имаа и г-дин Мајкл Стивејтер, директор за развој при УСАИД од Вашингтон и претседателот на ЛЕСС Битола, г-дин Томислав Давков. Модератор на настанот беше прим. д-р Нико Јанков, а вовед во тематиката за лицата со инвалидност направи г-дин Бранимир Јовановски, претседател на НКТ и „Мобилност Македонија“. Проследена од сите електронски и пишани медиуми во Република Македонија, оваа манифестација доби максимална медиумска покриеност.
                Во следниот дел, односно трибината за разгледување на законот за вработување на лицата со инвалидност, вовед направи прим. д-р Нико Јанков, а темата ја разработи г-дин Бранимир Јовановски. Лидија Дамчевска, директор на УСАИД – Моја кариера, прикажа практични насоки во обуките и вработувањето на лицата со инвалидност, по што следеше богата дискусија од повеќе дискутанти.
                Ова беше навистина успешна манифестација со поддршка од локалната самоуправа и УСАИД, за која се надеваме дека ќе продолжи со нови трибини и активности, кои ќе дадат конкретни резултати. Нашите активности продолжуваат.