07/05/2015
На 7 мај 2015 година, во попладневните часови, претставници од „Мобилност Битола“ гостуваа во емисија на битолската телевизија „Орбис“ - „Пелагонија на дланка“. Повод беше неодамнешната промоција на стихозбирката „Душа од кристал“ од поетесата Биљана Тодоровска, која е активист и член на нашето здружение. Со неа во емисијата гостуваа и претседателот прим. д-р Нико Јанков и членот на УО, Фанче Ѓорѓиевска.
Откако љубезната водителка Павлина нè претстави на гледачите, Биљана ја претстави својата стихозбирка, за која освои блескави критики и награди. Таа го раскажа својот пат до овој заслужен успех кој трае повеќе од 15 години, народски кажано, ништо не паѓа од небо без макотрпна работа и созревање.
Нико и Фанчето пак, раскажаа за растот на здружението „Мобилност“, досегашните остварувања, актуелните активности и идните планови, неопходноста од блиска соработка и помош од институциите на системот на локално и државно ниво и поддршката од разни фондации и други здруженија, како и важноста на поддршката од медиумите.
Се искажа заложбата за поддршка на сите талентирани поединци и групи чиј успех и етаблирање воедно го подига и капацитетот на здружението. Со интерпретации на неколку песни од стихозбирката, брзо ни помина едночасовното муабетење и се разделивме со надеж за нови средби со нови поводи и успеси.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК