06/06/2015

Свечено отворање на реновираниот и проширен простор на канцеларијата на „Мобилност Битола“ во Ресен

  Еден нов почеток со многу желби и надежи, со овие зборови може да се опише отворањето со мала свеченост пред и во канцеларијата на „Мобилност Битола“ во Ресен. На 6 јуни 2015 година, со почеток во 9.30 часот, градоначалникот на општина Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски свечено ја отвори реновираната канцеларија и клупските простории на нашите членови од Ресен. Мора да се спомне и да не се заборави неговиот личен ангажман како човек, заедно со неговата сопруга Соња, за што нашето здружение изразува огромна благодарност и им посакува сè најдобро!

Мора да ги споменеме и господата Ташко Каранфиловски и Пеце Трајановски, кои со своите донации и личен ангажман придонесоа ова катче да изгледа вака. Благодарност и до сите други кои дадоа свој придонес во процесот, особено за ентузијастите кои со својот личен ангажман го облагородија овој простор: Наде, Кочо, Гордана П., Гордана С., Александар, Сотир, Николчо, д-р Сања и многу други.

Покрај ова, на пат е и набавка на адаптирано комбе, кое ќе се користи за потребите на членовите на „Мобилност Битола“ од Ресен. Покрај Пеце Трајановски, свој придонес сака да даде и господинот Боде Арабаџиевски, а сечија иницијатива е и повеќе од добредојдена. На прагот сме и на започнување на проектот со општина Ресен, подготовките се во полн ек и наскоро очекуваме поволни вести.