01/07/2015

Промоција на проектот „Општествено корисна работа“ и реновираниот простор на „Мобилност Битола“ во Ресен во емисија на МРТ

  На 1 јули 2015 година, во реновираните просториина „Мобилност Битола“ – канцеларија Ресен, беше промовиран проектот на програмата „Воспоставување на локални сервини услуги на лицата со инвалидност – телесен инвалидитет“. Во присуство на градончалникот на општина Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски и претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков, се искажаа основните насоки на делување на програмата на општина Ресен, чиј партнер е „Мобилност Битола“. Покрај тимовите на општината и нашето здружение, присутни беа и повеќе лица – обучувачи, изведувачи и приматели на услуги, членови на „Мобилност Битола“ од Ресен, како и други гости. Целиот настан беше следен и снимен од екипа на Македонската Радио Телевизија,  на чело со новинарката Виолета Совкаровска.
Ова е несомнено најдобриот начин на соработка на локалната самоуправа и инвалидска организација, со поддршка од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Главните активности се:

  1. Обучени и работно ангажирани 8 невработени лица во период од 6 месеци;
  2. Поттикнување емпатиски пристап на заедницата кон корисниците;
  3. Зголемен капацитет на општинската администрација;
  4. Поттикнување на лицата со инвалидност за вклучување во организациите и процесите кои се однесуваат на нивните права;
  5. Овозможување на поголема конкурентност на институциите вклучени во реализацијата на проектот;
  6. Развивање на квалификувана работна сила за социјални сервиси итн.

Во обуката ангажирани се: Гордана Пешевска и Гордана Стојановска од „Мобилност Битола“ – канцеларија Ресен, д-р Соња Андоновска – физиотерапевт, доц. д-р Сашо Кочанковски – „Мобилност Битола“, Митко Фидановски – советник во Апелационен суд – Битола и секретар на „Мобилност Битола“.
За сите активности редовни известувања на нашата веб страна www.mobilnostbitola.org.mk и страницата на Фејсбук.