20/07/2015

Емисија на МРТ за нашите активисти од „Мобилност Битола“

На 20.07.2015 година, екипа од МРТ на чело со новинарката Виолета Совкаровска  оствари работна посета на „Мобилност Битола“. Повод беше веќе договорената  емисија, во која главна улога има нашиот член и познат копаничар Мирко Костовски. Ова е веќе втор пат на познатите емисии „Петтиот ангел“ да учествуваат членови и активисти од нашето здружение.
Сега, во амбиентална средина на творење, опкружени со сите досегашни и идни творби на овој реномиран уметник во дрво, ќе се доловува умешноста и високиот професионализам проткаен низ неговата животна приказна. За сите други детали ќе ја имаме можноста да се информираме во емисијата која ќе се емитува до крајот на месецот. Потоа ги договоривме следните активности и реализации кои се предвидени со програмата на „Мобилност Битола“.