25/09/2015

„Мобилност Битола“ на „Преспански јаболкобер 2015“

               Во Ресен од 25-27 септември се одржа традиционалниот „Преспански јаболкобер“, а во рамките на манифестацијата повторно учествуваа и нашите членови од канцеларијата на „Мобилност Битола“ во Ресен. Проектот за општествено корисна работа, во кој нашето здружение е партнер на ошштина Ресен, е веќе на половина пат. Искуствата и плодовите од десетгодишната работа се на повидок, заради што Советот на општина Ресен ни додели награда и признание – диплома за плодотворната соработка.
Во рамките на свечената седница, признанијата ги додели градоначалникот на општина Ресен - м-р Ѓоко Стрезовски, а примајќи ја наградата, претседателот на „Мобилност Битола“ – прим. д-р Нико Јанков рече дека ова е уште еден поттик за продолжување на успешната соработка на сите полиња.