26/09/2015
На 26 септември 2015 година, „Мобилност Битола“ го одржа традиционалниот излет во с. Бабино. Ова е втор пат да одиме на оваа дестинација, а повод е сè почестата соработка со литературниот клуб „Изгрев“ од Демир Хисар. Нашите членови Биљана, Кире и Сотир од Ресен и членовите од клубот, во амбиенталниот простор нè исполнија со благодат, за кој им се заблагодаруваме. Педесетината пристни, меѓу кои членови на „Мобилност“ од Битола, Скопје, Прилеп, Штип, претседателот на „Мобилност Македонија“ – Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софче Прчева и раководителот на Параолимпискиот Комитет – Драган Дојчиновски, уживаа во настанот.
Веднаш по литературниот дел, професорот Стеван Степановски нè внесе во историјата и незаборавот на македонскиот непокор низ вековите. Бројните експонати, книги, документи, слики, носии, предмети и што ли не од овие и други простори, ги отворија видиците на минатото, сегашноста и иднината. Го запишавме тоа во книгата на впечатоци и договоривме нови средби на ова извориште на историјата воопшто.