28/01/2016
Во организација на УСАИД – ЈЕС мрежата, во хотел „Континентал“ во Скопје, на 28 јануари 2016 година се одржа годишна конференција на локалните економски социјални совети – ЛЕСС. Истата беше под високото покровителство на Неговата екселенција, американскиот амбасадор Џејмс Бејли и министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска Ременски.
Основната насока – практиките за вработување, се одвиваше во три групи, а координатор беше Вирна Манасиевска. Присуствуваа повеќе претставници од локалните самоуправи, граѓанските здруженија и некои инвалидски организации. Видливо беше присуството на градоначалниците на општина Струмица, г-дин Зоран Заев и на општина Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски. Од Битола присуствуваа советничката за образование Снежана Петровска, директорката на Агенцијата за вработување, Јешин Сејфуловска и други. „Мобилност Македонија“ со генералниот секретар Софче Прчева, „Мобилност Скопје“ со Христина и Гоце, а „Мобилност Битола“ со Фанче, Соте, Лидија и Снежана.
„Мобилност Битола“ има висок рејтинг во ЛЕСС, не само заради перманентнато повеќегодишно присуство на сите активности од самото основање на ЛЕСС, туку и по организирањето на повеќе престижни, високо професионални работилници.
И овој пат делегацијата на „Мобилност Битола“ покажа завидно ниво на активност, оствари контакти и договори соработка за тековната година. Токму сега нашите членови ги потврдија сите заложби кои „Мобилност Битола“ и „Мобилност Македонија“ ги прават за остварување на своите статутарни и програмски цели.
„Мобилност Битола“ планира да го задржи трендот на нагорна линија со учество на сите активности на ЈЕС мрежата на УСАИД – Македонија, вклучително и организирање на работилница која ќе има посебен осврт на потребите и предизвиците на лицата со телесна инвалидност. Сè на сè, успешен настап и претставување со континуитет на делувањето во пораст на „Мобилност Битола“ во сите сфери на живеењето.