19/10/2016
На 19 октомври 2016 година, во музејот на Ресен беше одржана промотивна изложба на ракотворби од Ирена Пешевска, членка на „Мобилност Битола“ од Ресен. Покрај музејот, изложбата беше поддржана и од министерството за култура, а покровител на настанот беше градоначалникот на Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски. Повеќе од 200 посетители дојдоа да ги видат прекрасните дела на Ирена, меѓу кои и членови на нашето здружение од Битола, на чело со претседателот прим. д-р Нико Јанков.
Воведен збор имаше директорот на музејот, Васко Василевски, а изложбата ја отвори градоначалникот Стрезовски. И двајцата имаа само пофални зборови за успешното деби на нашата Ирена, како и за високиот дострел на уметничкиот впечаток што им го остави на присутните. Придружувајќи се кон честитките за одличното деби, ја охрабруваме Ирена да продолжи со започнатото дело, а ние безрезервно ќе ја поддржиме во нејзиниот пат на истрајност и докажување.
Уште еднаш ја поздравуваме оваа симфонија на уметнички достигнувања, дострели во специфичноста на творењето и посакуваме сè поголем успех понатаму!