22/10/2016

Тортијада во Струмица, триумф на умешноста и уметноста на творење

На 22 октомври 2016 година, во Струмица беше одржана традиционалната Тортијада, на која екипата на „Мобилност Битола“ го оствари најголемиот успех во креацијата, пораката, уметничкиот и густативниот ефект вреднуван од стручно жири. Нашите членки Лидија и Снежана ги повторија веќе докажаните квалитети и се запишаа во историјата на Тортијадата.
Блескавите оценки беа одредени од најголемиот број присутни, како и од електронските и пишани медиуми што беа присутни на манифестацијата. Со тоа се потврди и внимателното одбирање на кадрите кои ќе ја претставуваат „Мобилност Битола“ на сите манифестации, со што се потврдуваат и капацитетот и можностите на здружението на сите полиња. Честитки и уште поголеми успеси понатаму!