04/03/2016

„Мобилност Битола“ на осмомартовска прослава

              На 4 март 2016 година, во просториите на ресторанот „Корзо“ во Битола, членови на „Мобилност Битола“ го прославија Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Прославата на овој празник започна спонтано пред неколку години, а за среќа продолжува и понатаму. Оваа година за празникот се собраа помал број членови, но тоа не значеше дека имаше помалку забава и дружење. Традиционално се дружиме и со екипа од „Мобилност Скопје“, а оваа година ни недостасуваа прилепчани. Како и да е, прославата на 8 Март беше уште еден одличен повод за да се помине пријатна вечер во одлична атмосфера.