07/06/2016
На 7 јуни 2016 година, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и неговата екселенција г. Џес Бејли, амбасадор на САД во Р. Македонија, се одржа завршната конференција на проектот на ЛЕСС (Локално-економски и социјални совети). Модератор на настанот беше Вирна Манасиевска, а за развојот и целите излагање имаше директорот Ѓорѓи Кушевски.
Како претставници од „Мобилност Битола“ беа членовите на УО: Фанче Геогиевска, Лидија Велјановска и Сотир Јоновски. Долгогодишното успешно учество на нашите членови во сите активности беше поздравено, а Сотир беше награден и со плакета. Со исто признание се закити и членката на „Мобилност Скопје“, Христина Прошковска.
Ова е уште едно признание за сите напори кои ги прави „Мобилност Македонија“ за остварување на програмските и статутарни цели и севкупна промоција пред јавноста, медиумите и институциите на системот.