09/07/2016

Интервју на ТВ Мега

Тргнувајќи од актуелноста на настаните, ТВ Мега прави интервјува со повод, па овој пат за најновата мерка на Владата на Р. Македонија разговараше со претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков. Станува збор за одлуката за повраток на средствапри набавка на моторно возило на лица со инвалидност над 80%. Ја поздравуваме оваа акција со која барем малку ќе се ублажи големиот проблем што провејува веќе 17 години.
Имено, во 1999 година беше укинат законот за набавка на возила без данок, без царина и други давачки (набавна цена) за лица со инвалидност на 80 %, како и за потполно слепи лица на двете очи. Оттогаш практично до денес ова е мало ублажување на мал број среќници, бидејќи Владата одобри ограничени средства (9.000.000 денари) од кои 50% за лицата со телесна инвалидност. Средствата во износ од 4.500.000 денари со планот за повраток се доволни за 40 лица. Нашите проценки се дека повраток би побарале околу 500 лица, а времето за чекање е неизвесно, што значи дека за решавање мора да има закон кој децидно ќе се спроведи.
Се надеваме дека овој позитивен чекор на Владаа ќе биде вовед во потполно решавање на овој горлив проблем.

LINK: