18/09/2016

Излет во Отешево

           Следејќи ги своите програмски цели, „Мобилност Битола“ организира разни активности, а вообичаено во месец септември е традиционалниот излет. Овој пат, на 17 септември 2016 година, заеднички со „Мобилност Скопје“ имавме прекрасно дружење во хотелот „Лејк вју“ во Отешево, каде околу 130 членови на нашите здруженија пристигнаа со три автобуси и комбе за да уживаат во прекрасната природа.
Домаќините се покажаа најдобро светло, а цело време уживавме и со музиката на одличниот Оливер Христовски, како и со стиховите на нашата позната поетеса Соња Ѓоргиевска, членка на „Мобилност Скопје“. Убавото сончево и тивко време беше искористено и за прошетка покрај езерската шир. Дружење, смеење, шеги и, се разбира, игри и ора со неуморниот музичар.
Ваквите дружења ги зацврстуваат пријателствата, поттикнуваат размена на мислења и искуства, а даваат поттик и за нови идеи и активности. Продолжуваме понатаму.