26/09/2016
На 26 септември 2016 година, делегација на „Мобилност Битола“ во состав прим. д-р Нико Јанков, Фанче Георгиевска и Сотир Јоновски, присуствуваше на „Преспанскиот јаболкобер“, во чии рамки имаше активности на здруженијата од Ресен и пошироко. Заедничкиот штанд на „Мобилност“, „За хумана Преспа“, и проектот за општо корисна работа, спонзориран од UNDP, беше во централниот дел, каде што беше поставен банерот на „Мобилност Битола“.
Беше остварен и контакт со градоначалникот на општина Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски, а потоа во клупските простории во Ресен, со нашите активисти Роберт и Гордана беа договорени следните активности на нашето здружение.