04/05/2017

„Мобилност Битола“ во проект за лична асистенција

После еден месец од аплицирањето за проектот на Европската Унија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, „Унапредување на услугите за социјална вклученост – персонална асистенција“, се одржаа обуките за давателите на овие услуги. Обучувањето се одржуваше на 5 и 6 април во хотелот „Капри“ во Битола, во присуство на обучувачите од канцеларијата на ЕУ, претставници од општината, Центарот за социјална работа и Агенцијата за вработување, како и корисниците и нивните асистенти.
Самите обуки беа поделени во две сесии, под насловот „Персонална асистенција за живот, работа и радост“. Претставниците на „Мобилност Битола“, видно заинтересирани, активно учествуваа со прашања и нивни размислувања, исто како и асистентите. Следниот ден, непосредно после обуките имаше и заклучна информација и насоки за извршителите на персоналната асистенција.
Го поздравуваме почетокот и се надеваме дека со максимална ангажираност на сите учесници ќе ја завршиме успешно оваа активност, како и многу други порано. За следните чекори и соработка со канцеларијата на ЕУ ќе Ве информираме наскоро.