31/05/2017

Отворање канцеларија на Хумана Преспа во Ресен

Делегацијата на Мобилност Битола присуствуваше на отворањето на канцеларија на Хумана Преспа во Ресен на 31 мај 2017. Настанот го отвори претседателот на Хумана Преспа г-ѓа Гордана Пешевска која го потврди значењето на овој настан кој беше богато посетен вклучувајќи го и Градоначалникот на Општина Ресен Д-р Ѓоко Стрезовски. Самата канцеларија е во продолжение на просториите кои Општина Ресен ги има доделено на Мобилност Битола каде тековно се одвиваат константни активности на Здружението и од Проектот за општо корисна работа.
Се надеваме дека соработката Хумана Преспа, со која имаме потпишано меморандум за соработка, ќе продолжи во нагорна линија.