10/06/2017

„Мобилност Битола“ на спортските игри 2017

  Како и сите години порано, така и годинава екипата на „Мобилност Битола“ подолго време се подготвуваше за учество на спортските игри. И сега како и порано се користеше теренот спроти домот во дворот на детската градинка. Салата за вежбање во стрелање и пинг-понг. Круна натпреварување во рамките на ССРИ и сите задоволни. Но, во игрите не секогаш сè оди како подмачкано.
Глобално можеме да бидеме задоволни, но знаеме дека можевме и повеќе. Сепак, ова се само игри. Важно е да се учествува, а има и стандардни принципи кои секогаш покажуваат резултат. За резултат се сите и ние се надеваме секогаш на подобро. Овој пат помина, довидување до година, со нови сили и нови резултати за кои се надеваме дека ќе се радуваме сите заедно.