22/06/2017
Претставници на „Мобилност Македонија“ активно учествуваа на настанот на Хелсиншкиот комитет за човекови права насловен „Вечер на таленти“, кој се одржа во „Јавна соба“ во Скопје на 22 јуни 2017 година. Во рамките на настанот, меѓу другото, беа изложени ракотворби од лица со инвалидност (телесна, ментална, слепи и глуви), а свој музички настап имаа нашите Соте и Николчо. Дружењето помина во одлична атмосфера, а ние се надеваме дека нашите членови достојно ќе го претставуваат нашиот сојуз и во други пригоди.