20/07/2017
На 20 јули 2017 година, во Магазата во Битола се одржа музички настан во рамките на проектот за израелско-македонски иницијативи, чии цели се, меѓу другото, и проширен ангажман на државата Израел за лицата со инвалидност. Во организација на НВО „Одлики“, на настанот се обратија модераторката на настанот, Мима Герас Дочовска, како и амбасадорот на Израел во Македонија, НЕ Дан Оријан, а меѓу присутните беа и претставници на „Мобилност Битола“.
На настанот беше прикажан краткометражниот документарен филм за лицата со инвалидност од Пиер Лави, „Специјалните во Македонија“, а збор-два за музичката традиција на битолските Сефарди имаше Тодор Ивановски. Потоа следеше и музичкиот дел, во чии рамки настапија музичари од Македонија и од Израел, меѓу кои КУД „Стив Наумов“ под диригентската палка на Љубо Трифуновски, сегментот насловен „Музика и пеење“ беше во изведба на Марина Коруновска, Александра Дрогиришка и Александра Јанковска Момировска, а од Израел гостуваа Коби Ошрат и Офра Коен со „Ладино богатство“ – традиција која трае.
Публиката беше воодушевена од изведбите на овој настан, кој воедно беше и максимално искористен повод за начините како државата Израел, преку организацијата „Шекел“, придонесува за инклузијата на лицата со инвалидност.