21/08/2017

Меморандум за соработка со општина Ресен

Веќе три години со општина Ресен имаме многу добра и конструктивна соработка. Три години во соработка со UNDP се спроведува проект за општо корисна работа, во чии рамки ќе опфатени 40 лица со осум асистенти за лица со инвалидност (слепи, глуви, ментални и телесни). Како партнер во проектот, „Мобилност Битола“ ги става на располагање своите ресурси во канцеларијата во Ресен (канцеларија и сала), заедно со хуманитарното здружение „Хумана Преспа“.
На 21 август 2017 година, делегација на „Мобилност Битола“, во состав прим. д-р Нико Јанков – претседател, Сотир Јоновски – член на УО и Митко Фидановски – секретар, како и членот на УО од Ресен, Роберт Ламановски и градоначалникот на општина Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски,  потпишаа меморандум за соработка без временско ограничување, сега за потребите на проектот за општо корисна работа, кој општината Ресен го презема во целост, заедно со претходните обврски за покривање на трошоците за сервисни услуги за ангажираните асистенти.
На овој начин канцеларијата и салата се во постојана употреба, а нашите членови од Ресен имаат катче кое е секогаш отворено за дружење и активности. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи понатаму.