24/09/2017
Како и секогаш, „Мобилност Битола“ и годинава организираше традиционален излет, овој пат во манастирот Св. Наум во с. Болно, во близина на Ресен. Имено, на 24 септември 2017 година, со автобус на „Боби турс“, околу 45 членови од Битола, Демир Хисар и од Ресен поминаа пријатен ден, исполнет со дружење и во опуштена атмосфера, со прекрасните домаќини од три генерации. Донесеното од нас го подготвија мајсторски, а ние уживавме во околината и пред црквата, забавувајќи се со песни и музика.
Младите домаќинки ни ги покажаа новитетите во самата црква, за кога сега може да се каже дека е финализирана. Пристапот кон лековитата вода е подобрен, како и самиот влез. Дружењето го заокруживме со вкусен ручек и во попладневните часови, задоволни се вративме дома, со заклучок дека вреди повторно да се вратиме во овој прекрасен крај.
На крајот, срдечна благодарност на трите генерации домаќинки што нè угостија во манастирот, и на „Боби турс“ што излезе во пресрет на нашите потреби.