27/09/2017

„Мобилност Битола“ на преспанскиот „Јаболкобер“

Во своите програмски цели, „Мобилност Битола“ ги негува традиционалните активности со кои се активираат членови, како од Ресен, така и од Битола. Така и овој пат, на 27 септември 2017 година, повеќе членови од Ресен и од Битола активно учествуваа на манифестацијата „Јаболкобер“, заедно со хуманитарната организација „Хумана Преспа“. Ракотворби од нашите членови беа изложени на два штанда, кои беа посетени од голем број посетители на манифестацијата.
                Ние и понатаму ќе продолжиме да го практикуваме овој начин на соработка со сите заинтересирани страни, поддржани од локалната самоуправа и пошироко.