21/10/2017
„Мобилност Битола“ веќе традиционално учествува на Тортијадата и квизот што ги организираат „Мобилност Македонија“ и „Мобилност Струмица“, а кои годинава на 21 и 22 октомври се одржаа по јубилеен 20. пат. Традиционална е и локацијата каде што се одржуваат овие манифестации, а тоа е хотелот „Цар Самоил“ – бања Банско во Струмица. На Тортијадата, од нашето здружение учествуваа Лидија и Снежана, додека на квизот се натпреваруваа Петко, Трендафил и Јоле.
На сите досегашни Тортијади, тортите на „Мобилност Битола“ редовно беа меѓу првите три, но годинава, и покрај тоа што креацијата на Лидија и Снежана привлече големо внимание, не освои ниту една награда. Секако дека тоа не е никаква пречка да прославиме за добрите идеи и смелите креации кои добро котираа и на ТВ и на социјалните мрежи. Квизот, за кој може да се каже дека е на највисоко ниво, беше место за одмерување на силите на 16 екипи. Нашето здружение ниту овде не се пласираше меѓу најдобите три, но генералниот пласман секоја година ни е сè подобар.
Оваа манифестација од самите почетоци ја посетува градоначалникот на Струмица, сега веќе премиер на Р. Македонија, господинот Зоран Заев, кој му ја предаде „обврската“ за поддршка на манифестацијата на неговиот наследник во општината, д-р Коста Јаневски. Двата настани беа добро посетени, а меѓу присутните имаше и гости од странство, со што манифестацијата добива една меѓународна димензија. Се надеваме дека оваа трацидија и натпреварувачки дух ќе продолжат да се одржуваат уште долго време, а „Мобилност Битола“ секогаш ќе биде дел од неа