04/12/2017
Во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, „Инклузива“, и со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), во рамките на проектот за Граѓанско учество, на 4 декември 2017 година во хотелот „Милениум“ во Битола се одржа јавна дебата на тема политичкото учество на лицата со попреченост во Македонија. На настанот учествуваа и претставниците на „Мобилност Битола“, Митко, Живко и Божин.
Дебатата започна со поздравен говор од претставникот на општина Битола, г-дин Борче Корлевски, кој зборуваше од името на градоначалничката Петровска, а вовед во проектот направи Елена Чекоровска, координаторка на проектот, после што следеше презентација и извештај за изборите 2016-2017, спроведено и презентирано од „Инклузива“.
Дискусијата опфати две важни прашања: Кои мерки е потребно да се спроведат на локално ниво за подобрување на учеството на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес; и како лицата со попреченост да станат активни учесници во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
Со активниот пристап и дискусии, делегацијата на „Мобилност Битола“ придонесе за добар и успешен тек на дебатата и јасни препораки до локалната и државната власт за местото и улогата на лицата со инвалидност.
Активностите продолжуваат.