30/10/2018
Во организација на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, за проектот „Маргина обскура“ поддржан од ЕУ, на 30 октомври 2018 година во хотелот „Милениум“ во Битола се одржа манифестација на која активно учествуваше „Мобилност Битола“, како дел од активностите во рамките на претходно потпишаниот меморандум за соработка. Излагачите Радмила Цветковска, национален координатор и Горица Поповска – Налевска, регионален координатор, исцрпно ги дефинираа резултатите од повеќемесечното истражување, во кое учествуваа и членови од „Мобилност Битола“, со осврт на вкупниот број на лица со инвалидност кои се опфатени во базата на МТСП, со параметри и информации за сега и во иднина. Ова е уште еден чекор кон решавањето на оваа сложена и тешка проблематика во сите сфери на живеењето (здравство, школување, вработување, поддршка, семејство итн.). Ресурсниот центар со своите капацитети и помагатели стои на располагање за помош и информации. Емоционалната поддршка е битен фактор и понекогаш одлучувачка. „Мобилност Битола“ дава целосна поддршка во идните активности на Ресурсниот центар.