01/11/201

Работен состанок

На 1 ноември 2018 година, во канцеларијата на „Мобилност Битола“ во Ресен беше одржан работен состанок со претставници од општина Ресен, поточно со Ружица Перевска, одговорна за контакти со невладиниот сектор на градоначалникот на Ресен. Од страна на „Мобилност Битола“ присуствуваа претседателот прим. д-р Нико Јанков, секретарот Митко Стојановски и членовите на УО – Сотир Јоновски, Лидија Велјановска и Роберт Ламановски. По усвојувањето на дневниот ред, првична беше информацијата за досегашните активности на нашето здружение, како и за проектот за општо корисна работа (ОКР), со 15 корисници и 7 извршители, поддржан од УНДП. Динамиката е пет дена неделно и се користи салата до канцеларијата во Ресен. Договорено е резултатите од досегашната работа да се преточат во трибина – работилница за ОКР, со поделба на задолженијата. Потоа се разгледаа и некои аспекти од финансиските можности и помош од општината во богатата палета на активности. Исто така, интензивирање на хуманитарната помош, но најмногу работата на проекти. Се надеваме дека договорените ставки ќе имаат задоволителна динамика и конечна реализација. Активностите продолжуваат.