Во организација на „Хумана Преспа“, на 1 декември во Ресен се одржа отворен ден по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност. Манифестацијата имаше голема посетеност, а меѓу пристутните беше и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, како и повеќе членови на „Мобилност Битола“ и други инвалидски организации, корисници и асистенти од проектот ОКР и други. Сите посетители имаа можност да видат и бројни ракотворби на нашите членови.