01/12/2018

Турнир во шах по повод Денот на лицата со инвалидност

Во пресрет на Денот на лицата со инвалидност – 3 декември, ССРИ од Битола организираше турнир во шах, кој се одржа на 1 декември и во кој учество зедоа речиси сите сојузи (Мобилност, Сојуз на слепи, Сојуз на глуви, Сојуз на цивилни инвалиди од војната, ССРИМ – Битола инвалидски пензионери). Турнирот помина во интересна и динамична атмосфера, а најголем успех постигнаа: Лазар Котевски (Сојуз на слепи) – 1. место и златен медал, Живко Стрезовски (Мобилност Битола) – 2. место и сребрен медал и Цане Петковски – 3. место и бронзен медал. По собирањето на поените, екипно пехарот го освои екипата на инвалидските пензионери. Овој начин на чествување е добредојден и во иднина се надеваме на уште помасовно учество.