03/12/2018
Чествувањата на Светскиот ден на лицата со инвалидност – 3 декември - започнаа неколку дена порано, а „Мобилност Битола“ учествуваше на сите настани што се одржаа во Битола и во Ресен. Имено, на 3 декември претставници и членови на сите инвалидски организации (телесни, слепи, глуви, цивилни, спорт и рекреација) се собравме во нашата спортска сала, а меѓу присутните беа и претставници на Советот на општина Битола – Влатко Шеровски и Славе Најдовски, како и директорот на Центарот за социјални работи, Томе Цветковски. Средбата ја отвори актуелниот претседател на ЗИО Битола, Стевче Костадиновски, кој искажа пригодни зборови за Денот на лицата со инвалидност, но и за нивните потреби, а потоа следеше и дискусија. Секако дека нагласено беше воведувањето на законите и потребата за поголема поддршка од локалната самоуправа, и тоа не само во овие денови. Сè на сè, едно корисно дружење и размена на мислења. За жал, поддршка од медиумите не добивме, но навикнати сме на тоа... Поарно догодина..