04/12/2018
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со инвалидност и Денот на Мобилност Македонија, на 4 декември државата Израел, преку израелскиот амбасадор во Македонија - НЕ Дан Оријан и Министерството за здравство, донираше пет лесни детски инвалидски колички за потребите на членовите на „Мобилност Битола“. Манифестацијата беше поддржана од локалната самоуправа на чело со градоначалничката м-р Наташа Петровска и Клиничката болница – Битола на чело со директорот д-р Зоран Лазаров. Тука е и директорката на Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ - д-р Весна Спирковска, како и други гости, особено од Центарот за деца со посебни потреби. На самиот почеток на манифестацијата беа дадени и изјави за медиумите, нагласувајќи го нејзиното значење и заложбите кои Мобилност Македонија ги прави за подобрување на севкупното живеење на лицата со телесна инвалидност. Покрај количките, амбасадорот Оријан донираше и десет перници-душеци за децата со посебни потреби, како и ЕКГ апарати за здравствениот дом. Обраќање за овие настани имаше и Шели Леви Драмер, внука на д-р Хаим Абраванел, познат еврејски лекар од Битола чие име сега го носи токму здравствениот дом во нашиот град. Им благодариме за позитивните перцепции, особено на организацијата на Марија Герас Дочовска, консултант на Израелската Амбасада од „Одикон“. Се надеваме дека соработката ќе продолжи, особено заради бог.