29/12/2018
Следејќи ги своите програмски цели, „Мобилност Битола“ традиционално организира новогодишна забава за своите членови и гостите од другите здруженија. Овој пат забавата се одржа на 29 декември 2018 година во ресторанот „Гламур“, на патот кон Пелистер, а како и секогаш, членовите плаќаа партиципација, а останатиот дел од трошоците ги покри здружението. Во многу убава атмосфера, околу деведесет членови од Битола, Скопје, Прилеп и Штип се забавуваа со музиката на „Џокер-бенд“ – Александар и Горан – засилени со нашите Гоце, Христина, Стевче и Ванѓа, и поминаа прекрасни и незаборавни моменти со добрата услуга и добро подготвената храна на „Гламур“. Како и секогаш, забавата официјално ја отвори претседателот на „Мобилност Битола“ – прим. д-р Нико Јанков, а беше организирана и лотарија во аранжман на Лидија и Снежана. Имаше околу 64 награди од повеќе спонзори, вклучувајќи го и „Гламур“ со „Арена“. На сите донатори им се заблагодаруваме за позитивните перцепции. Оваа атмосфера се задржа практично до самиот крај во 16.00 часот. Непосредно пред лотаријата, организаторот на присутните им подели и рекламен материјал – големи ѕидни календари (донација на МГ Ласер), мали календари, запалки и пенкала со логото на „Мобилност Битола“. После завршувањето на аранжманот, поголема група на наши членови во придружба на членовите на Скопје продолжија со дружење во клупските простории. Со еден збор, една прекрасна манифестација со дружење, игра и песни, лотарија и незаборавни мигови. Ја користиме пригодата да им посакаме Среќна Нова 2019 година на сите членови на „Мобичност Битола“, „Мобилност Македонија“ и на сите граѓани на Република Македонија. Среќни празници!