09/03/2018
Како и секоја година, така и оваа членовите на „Мобилност Битола“ организираа прослава по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, која се одржа на 9 март во ресторанот „Корзо“ во Битола. Околу четириесет членови од Битола и Ресен, како и гости од „Мобилност Скопје“, поминаа пријатни мигови во дружење, игра и песни, а организаторот се погрижи на сите членки од понежниот пол да им подари по еден скромен подарок – цвеќе. Ваквите дружења станаа традиција и секоја година одзивот е сè поголем. Се надеваме дека овие настани ќе придонесат за подобро запознавање и како релаксирачки фактор ќе го збогатат севкупното живеење на сите кои дојдоа, но и на оние кои од различни причини не успеаја да нè почестат со своето присуство. Ја користиме пригодата уште еднаш да им го честитаме овој празник на сите членки на „Мобилност Битола“ и да им посакаме здравје, среќа и понатамошни успеси во животот!