20/03/2018

Состанок со градоначалникот на Ресен

На 20 март 2018 година, во клупските простории на „Мобилност Битола“ во Ресен беше одржан состанок со градоначалникот на општина Ресен, д-р Живко Гошаревски. Во оваа пригода, од страна на „Мобилност Битола“ присуствуваа претседателот прим. д-р Нико Јанков и членовите на УО - Лидија Велјановска, Сотир Јоновски и Роберт Ламановски (од Ресен), како и претседателката на „Хумана Преспа“, г-ѓа Гордана Пешевска. Ова е втор состанок со првиот човек на општина Ресен и практично се продолжи договореното од првата средба што се одржа во декември минатата година, односно беше потпишан веќе подготвениот меморандум за соработка и беа договорени активностите што ќе следат во наредниот период.