12/05/2018

Повторно на врвот со Оливера

На Светскиот шампионат во стрелаштво во Чеонгџу во Јужна Кореја, кој се одржуваше од 1 до 12 мај, се натпреваруваше и нашата членка Оливера Наковска – Бикова, во дисциплината воздушен пиштол – жени. Во основниот дел, таа се пласираше на првото место во конкуренција со 31 натпреварувачка, стрелајќи во висина на изедначен светски рекорд – 570 кругови. Во финалето, Оливера го освои 3. место и бронзениот медал со резултат од 214,3 кругови. Со овој успех, таа сигурно чекори кон следните Параолимписки игри што ќе се одржат во 2020 година во Токио, Јапонија. „Мобилност Битола“ ѝ го честита најновиот во низата успеси на нашата Оливера и ѝ посакува уште многу причини за славење! Само напред!