23/05/2018

„Мобилност Битола“ на маршот на параплегичари во Скопје

На 23 мај 2018 година, делегација на „Мобилност Битола“ учествуваше на маршот на параплегичари во Скопје, кој беше организиран од „Мобилност Македонија“, на иницијатива на „Мобилност Скопје“. Беа присутни членови од повеќе здруженија на нашиот Сојуз, а целта беше да се заинтригира заедницата, медиумите и чинителите на власта за потребите и можностите на лицата со телесна инвалидност сместени во количка, односно пара и квадриплегичарите. Маршот започна од Порта Македонија, а заврши пред седиштето на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“. Пораката е пуштена, настанот беше медиумски покриен и се надеваме дека предзивика доволно внимание кај надлежните и дека нивните реакции ќе бидат соодветни.