30/05/2018

„Мобилност Битола“ на Светскиот ден на МС

На 30 мај 2018 јуни, во организација на „Мобилност Македонија“, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, се одржа манифестација по повод Светскиот ден на мултипла склероза. Учесниците прво се собраа на плоштадот „Македонија“, од каде што маршираа до порта „Македонија“, каде што беше вториот дел од манифестацијата – работилница за современите аспекти на лекување на МС. Манифестацијата ја поздрави министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, а претставниците од останатите институции (МТСП и Фондот за здравство) не беа присутни. Во стручниот дел, прво предавање имаше неврологот асс. д-р сци. Иван Барбов со темата „Современи принципи во третманот на МС“ (сегашни и идни лекови кои ќе бидат на товар на Фондот за здравство), а потоа нутриционистката Цвета Динева ги искажа аспектите на исхраната кај лицата со МС и погодностите и подобрувањата кои таа ги нуди. Во продолжение, психологот Наташа Митревска ги обработи психолошките проблеми кај лицата заболени од МС, во сите фази на болести. На самиот крај, Ана Карајанова-Димитрушевска направи промоција на две брошури, во соработка со здруженијата за МС од Црна Гора, и тоа: „Живот со МС“ и „Мојата мајка има МС“.