07/06/2018
Како и во претходните години, така и оваа 2018 година „Мобилност Битола“ успешно учествуваше на јубилејните 30. Спортски игри на „Мобилност Македонија“, кои се одржаа од 7 до 10 јуни во Охрид и Струга, во заедничка организација со Сојузот за спорт и рекреативност на инвалиди на Македонија – Параолимписки комитет. Со зголеменото традиционално учество на екипи од повеќе балкански земји, како што се Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, манифестацијата се здоби со меѓународен карактер, збогатувајќи нè со искуствата на нашите пријатели и отворајќи ни нови перспективи. Иако нашата репрезентација не донесе голем број медали (Оливера, Наташа, Васко), сепак сите освен еден го повторија успехот и директно се пласираа за следната година, отворајќи го патот за нови членови. Мора да се спомене и дека Оливера практично постави нов (неофицијален) светски рекорд и се надеваме дека тоа импулсивно ќе делува на другите. Сè на сè, уште еден одличен настан и повод за дружење и прекрасни мигови што ќе ни останат во сеќавање.