03/09/2018
Во текот на изминатите години, поточно во последниве две-три, „Мобилност Македонија“ во соработка со МТСП и општините низ Македонија, изгради инклузивни игралишта за лицата со телесна инвалидност под мотото „Да играме заедно“. Ја немаме на увид потполната слика и состојба насекаде, но ја имаме онаа во Битола и во Ресен. Битола има прекрасно шеталиште со клупи, сенки и содржини за сите возрасти, вклучувајќи ги оние за лицата со инвалидност. Покрај патека за велосипеди и трака за слепите лица, има и инклузивно игралиште. На таблата пишува дека го изградиле МТСП (донатор), „Мобилност Македонија“ (организатор) и општина Битола (извршител). Сегашната слика, после две години, се искршени и непотполни содржини, непристапна патека, непристапна околина на содржините. Тука очигледно вандализмот и неподготвеноста на средината се очигледни. На само 50 метра постои друга содржина на справи, со средена околина, изградена од Агенцијата за спорт и млади и во моментот беше посетена... За разлика од Битола, во Ресен состојбата е малку подобра, односно заградената површина придонела да се зачуваат речиси сите содржини, а решено е и прашањето со пристапот и поставена е рампа. Се надеваме дека состојбите ќе станат подобри со ангажман на сите страни. За споредба видете ги сликите за инклузивни игралишта во Израел (не што е изградено, туку како е одржувано и употребувано).