07/09/2018

Програма за самовработување

На 7 септември 2018 година, во спортската сала на ЗИО во Битола беше успешно изведена трибина за самовработување на лицата со инвалидност, во организација на УНДП, МТСП и Агенцијата за вработување. На трибината присуствуваа и членови од „Мобилност Битола“, како и членови од Сојузот на слепите и Сојузот на глувите, за кои беа обезбеден и толкувач. Презентер на настанот, кој траеше час и половина, беше Науме Ташовски од УНДП со работниот состав: Вангел Тркаљанов (МТСП), Марија Трифуновска (национален кординатор во УДНП) и Јешин Сејфуловска (директорка на Агенцијата за вработување). Ташовски солидно ги изложи сите права и обврски на идните апликанти, после што следеше дискусија со прашања и одговори, кои на моменти имаа емотивен набој и излегуваа од делокруго на темата. Сметаме дека ваквите настани се сепак делотворни, а организаторот можеби треба да поканува и претставници на локалната самоуправа. Забележлива беше употребата на терминот „лица со посебни потреби“, наместо лица со инвалидност.