20/09/2018

Повик на невладини организации

На 20 септември 2018 година, во хотел „Милениум“ во Битола се одржаа разговори за размислувањата на граѓанскиот сектор за претстојниот референдум. Повикот беше организиран од коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“, а на средбата беше присутна и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска со својот тим. Присутни беа и претставници на околу 40 невладини организации кои дискутираа со мошне интересни пристапи. Општиот впечаток е дека граѓанскиот сектор е да се излезе на гласање и секој да си гласа по сопствената совест. Пред разговорите беше поделен и информативен материјал од Преспанскиот договор, елабориран точка по точка. На крајот се заклучи дека вакви средби треба да има повеќе и почесто, како и дека локалната самоуправа треба да го користи потенцијалот што ѝ стои на располагање. Ова особено станува важно со зголемените можности за користење на фондовите на ЕУ и заеднички грантови со локалната самоуправа.