23/09/2018

„Мобилност Битола“ на излет во С.Болно

На 23 септември 2018 година, „Мобилност Битола“ го организираше традиционалниот излет, чија локација годинава беше манастирот Св. Наум во с. Болно, во близина на Ресен. Амбиентот познат и пријатен, домаќините исто така. Организацијата добра – од Битола и Демир Хисар со автобус на „Боби турс“, а од Ресен со автомобили. Околу 60 членови на нашето здружение поминаа прекрасен ден исполнет со дружење, песни и игри во придружба на КУД „Феникс“, а сето тоа беше дополнето и со натпревар во пикадо во машка и женска конкуренција. Првото место во машката конкуренција го освои Живко, второто Горан, а третото им припадна на Митко и Соте, додека во женската конкуренција првопласирана беше Слободанка, второпласирана Василка и третопласирана Гордана. Наградите беа симболични во износ од 500 за прво, 300 за второ и 200 денари за трето место. Домаќините се погрижија и за прекрасниот и вкусен ручек, кој уште повеќе придонесе овој излет да биде незаборавен, па во попладневните часови сите задоволни се вративме дома. Се надеваме дека ваквите дружења ќе продолжат во иста насока и во наредните години.