28/09/2018
На 28 септември 2018 година, делегација на „Мобилност Битола“ во состав: Митко Фидановски, Сотир Јоновски и Кире Ангелковски, учествуваше на обуки за набљудувачи во организација на „Инклузива“, со овластување од ДИК, што се одржа во Гостивар. Основна поента беше следење на изборен процес со добивање на сертификати за овластени набљудувачи на изборниот процес. Овие искуства беа драгоцени и беа искористени на Референдумот, каде што беа регистрирани непристапни гласачки места за лицата со телесна инвалидност, особено за лица во инвалидска количка.